пенал | м.

(спорт.) Во фудбалот и сл. игри ‒ најстрог казнен удар, слободен удар во противничкиот гол на извесно растојание.

пендрек | м.

Гумена палка што ја носат полицајците. Жандармите удираа со пендрек.

пенест | прид.

Што е како пена, што личи на пена. Пенест камен.

пенетрација | и.

Проникнување, навлегување. Културна пенетрација. Политичка пенетрација.

пенетрира | св. и несв.

Проникне, проникнува, навлезе, навлегува. Ориенталните влијанија пенетрирале во градската култура.

пензионер | м.

Тој што остварил право на пензија.

пензионира | несв.

Преведе, преведува некого во пензија. Законот го пензионираше на шеесет години.

пензиски | прид.

Што се однесува на пензија. Пензиски фонд. Пензиски стаж.

пензија | ж.

Состојба на вработен што престанал да работи поради исполнување на законски определените услови, при што прима соодветен паричен надоместок до крајот на животот. Лична пензија.