пени | несв.
Нанесува пена. Мајката му ги пенеше рацете на детето со сапун.
пенис | м.
Машки полов орган.
пеницилин | м.
Антибиотички лек против различни инфективни болести.
пенкало | ср.
Алатка со перо или со метален врв за пишување. Пенкало со мастило. Пенкало со патрони.
пенлив | прид.
Што пушта пена. Пенливо вино. Пенлив сапун.
Пенсилванија | ж.
Сојузна држава во САД.
пента | ж.
Мотор за чамец.
пентагон | м.
Геометриска слика со пет страни и пет агли; петаголник.
пентагонален | прид.
Што се однесува на пентагон.
пентатлон | м.
Атлетски натпревар во пет различни дисциплини; петобој.