Пелопонез | м.
Полуостров во Грција.
пелтек | м.
Тој што има говорна мана; тој што пелтечи. Тој беше пелтек, но тоа не им пречеше на другарите.
пелтечи | несв.
Има говорна мана; тепка, тептави. Возачот пелтечеше, кажуваше нешто разбирливо, нешто неразбирливо. Детето пелтечи кога е силно возбудено.
пелц | м.
Обработено животинско крзно.
пембе | прид.
Што е со дречливо розова боја. Пембе марама.
пембелија | прид.
Пембелии јамболлии.
пембен | прид.
Пембен конец.
пемпере | ср.
Може да означува различни предмети, кои се непознати, не им се знае името во прв момент. Наш војник не носи ни крст ни некакви пемпериња.
пен | м.
Дел од пресечено дрво останат на коренот. Гнил пен. Пенови од даб.
пена | ж.
Меурчиња што се образуваат по површината на некоја течност при механичко или хемиско дејство (турање, маткање, вриење, варење итн.). Морска пена. Мирислива пена. Бела пена над брановите. Пена од пиво. Вино со пена. Пена од сапун.