пумпа 1 | ж.

Машина или механичка направа за црпење или движење на течност, гас и сл. Пумпа за велосипед. Пумпа за вода. Пумпа за масло. Бензинска пумпа.

пумпа 2 | несв.

Црпе течност со пумпа. Пумпа вода од бунарот.

пумпарици | и.

Широки, под колената стегнати панталони, слични на шалвари.

пумпен | прид.

Што се однесува на пумпа.

Пун | м.

Име со кое Старите Римјани ги нарекувале Картагинците.

пункт | м.

Важна точка, место, момент во некоја сфера на дејност, на дејствување што означува некаков пресврт. Пункт околу кој може да се отфрлат сите делби и недоразбирања. Тоа е важен пункт во животот на славниот писател.

пунктира | несв.

Испишува линија со точки или со цртички.

пунктуација | ж.

Систем од правила за употребата на интерпункциските знаци.

пункција | ж.

Убод во телесна шуплина или орган со шуплива игла заради извлекување материјал за утврдување на патолошки промени или испуштање на собрана течност.

пунч | м.

Топол алкохолен напиток подготвен од пет состојки (обично: рум, вино, чај, сок од лимон, шеќер).