пунџа | ж.
Женска фризура со подигање на косата на темето или на тилот.
пупа | несв.
За пупунец ‒ оддава глас налик на пуп‒пуп.
пупале | ср.
Вид на малечко обредно лепче; пупка.
пупе | ср.
Во детскиот говор ‒ меше, стомаче.
пупи | несв.
Пушта пупки. Во градината напролет цвеќињата пупеа. Бадемовите цветови пупеа, целата природа оживе.
пупка | ж.
Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња. Пупка од трендафил.
пуплин | м.
Фина полусвилена или памучна сјајна ткаенина.
пупунец | м.
Песнопојна птица со прекрасни бои, долг свиткан клун и лепезеста кикиришка на главата; Upupa epops.
пупурник | м.
Закржлавено, рахитично дете.
пупчест | прид.
Што е во форма на пупка. Пупчесто чело.