пули | несв.

Гледа.

пулигора | ж.

За ветер ‒ развигор. Во долината дува пулигора.

пуловер | м.

Плетена, волнена или памучна облека со долги ракави, без копчиња; џемпер.

пулпа | ж.

Меко ткиво што ја исполнува внатрешната шуплина и коренските канали на забите.

пулс | м.

Видливо и опипливо движење на крвните садови, предизвикани од уфрлањето на крв во почетниот дел од аортата при секое отчукување на срцето. Лекарот му го измери пулсот на болниот. Има слаб пулс.

пулсар | м.

Неутронска ѕвезда која емитира правилни импулси на радиобранови.

пулсира | несв.

За срце ‒ бие, тупка. Под брадичето пулсираше нејзиното срце.

пулт | м.

Тесна, висока масичка со косо поставена горна површина, наменета за читање, пишување, за ноти при диригирање и сл. Диригентски пулт.

пума | ж.

Ѕвер од родот на мачките со светлосиво крзно кој живее во Северна и Јужна Америка, планински лав; Profelis concolor.