пуфла | ж.

Нечиста, неуредна, одвратна жена или девојка; смрдла.

пуч | м.

Обид од група заговорници да извршат државен преврат со насилно преземање на власта; државен удар

пучист | м.

Лице што врши или учествува во пуч.

пушач | м.

Лице што пуши цигари или други опојни сусптанции. Место за пушачи. Пасивен пушач. Опиумски пушач. Пушач на наргиле.

пуши | несв.

Вдишува и издишува дим од тутун и други билки или опојни средства за уживање. Девојката пушеше долги тенки цигари. Дедо ми пушеше качак.

пушилница | ж.

Место за пушење, каде што може, е дозволено да се пуши.

пушка | ж.

Огнено, војничко или ловечко оружје со една или две цевки. Ловечка пушка. Автоматска пушка. Полуавтоматска пушка. Негде се чу пушка.

пушкар | м.

Занаетчија што изработува и поправа пушки, пиштоли и сл.

пушкарница | ж.

Работилница или фабрика каде што се прават или се поправаат пушки и друго оружје.

пушкомет | м.

Дострел до каде што може да досегне куршум од пушка. Тие беа на пушкомет далеку од него.