пушкомитралез | м.
Автоматска пушка што ја опслужуваат двајца војници.
пушкомитралезец | м.
Тој што ракува, што пука од пушкомитралез.
пушта | несв.
пушти | св.
Престане да држи, да задржува. Ги пушти железата од раце и рипна врз него. Таа го пушти бардето, а тоа падна крај нејзините нозе.
пушчен | прид.
Што се однесува на пушка. Пушчено зрно. Пушчен истрел.
пуј | изв.
Извик со кој се вабат мисирки.
пујка | ж.
пфу(ј)! | изв.
Извик за искажување незадоволство, револт, презир.
пцала | несв.
Пее во црква; псала.
пцалт | м.
Тој што пцала, црковен пејач.