пушкар | м.

Занаетчија што изработува и поправа пушки, пиштоли и сл.

пушкарница | ж.

Работилница или фабрика каде што се прават или се поправаат пушки и друго оружје.

пушкомет | м.

Дострел до каде што може да досегне куршум од пушка. Тие беа на пушкомет далеку од него.

пушкомитралез | м.

Автоматска пушка што ја опслужуваат двајца војници.

пушкомитралезец | м.

Тој што ракува, што пука од пушкомитралез.

пушта | несв.

пушти | св.

Престане да држи, да задржува. Ги пушти железата од раце и рипна врз него. Таа го пушти бардето, а тоа падна крај нејзините нозе.

пушчен | прид.

Што се однесува на пушка. Пушчено зрно. Пушчен истрел.

пфу(ј)! | изв.

Извик за искажување незадоволство, револт, презир.

пцала | несв.

Пее во црква; псала.