пепеларник | м.
Посатка за тресење пепел од цигара. Пепеларник полн со догорчиња и пепел. Стаклен пепеларник.
пепелашка | ж.
Пепелашка, Мара Пепелашка ‒ лик од истоимената народна приказна.
пепелен | прид.
Што е со пепел, што содржи пепел. Пепелна вода.
пепелиште | ср.
Место што е уништено од пожар, војна, земјотрес и сл. Црно пеплиште. Пепелишта пусти.
пепелник | м.
Место каде што има или каде што се чува пепел. Тој ја извади лопатата од пепелникот.
пепелница | ж.
Вода вриена со пепел и потоа исцедена, пепелна вода. Жените ја вареле пченката со пепелница. Селаните ги миеја празните бочви со пепелница.
пепелниче | ср.
Порцеланско пепелниче.
пепелоса | св.
(арх.) Претвори во пепел. Коските му пеплосаа.
пепелосан | прид.
Што е претворен во пепел. Пеплосан партал. Пеплосани куќи.
пеперуга | ж.
(зоол.) Инсект со два пара крилца прекриени со седефест прав во живописни бои и со свиткано јазиче; Papilio. Шарена пеперуга. Ноќна пеперуга.