пеперужен | прид.
Што се однесува на пеперуга. Пеперужни крилја. Пеперужни шари.
пеперутка | ж.
пеперуга.
пеперуткин | прид.
Пеперуткини крилца.
пеперушка | ж.
Дем. од пеперуга.
пепито | ср.
Ткаенина со дезен од двобојни квадратчиња.
пепсин | ж.
Фермент на стомачниот сок што ги раствора белковините.
перален | прид.
Што служи за перење; Перална машина.
пералиште | ср.
Место на река каде што се перат алишта.
пералник | м.
Голем бакарен котел во кој се топли вода за перење; аранија.
пералница | ж.
Просторија што служи за перење.