пенушица | ж.

Ароматично растение во форма на разгранета полугрмушка со овални листови, назабени по работ, и со виолетови или црвени цветови збиени во грозд; Teucrium chamaedrys.

пенушка | ж.

пен_1

пенче | ср.

Ѓон на чевел.

пенчетира | св. и несв.

Постави, поставува пенче на чевел.

пепел | м.

Ситни остатоци во форма на прав од согорување на дрво, јаглен, цигара и сл. Жар и пепел. Пепел во огништето. Вжештена пепел. Црн пепел. Пепел од цигара.

пепелав | прид.

Што е покриен со пепел. Пепелаво жарче.

пепеланка | ж.

Мала змија отровница; Vipera berus.

пепелар | м.

Тој што приготвува и продава пепел.

пепеларка | ж.

Жена на пепелар.