перало | ср.

Сè што е за перење.

ператен | прид.

Ператен сапун.

перач | м.

Тој што пере.

перваз | м.

Издаден раб, рамка на прозорец, слика и др. Горниот перваз од вратата.

перверзен | прид.

Што е полово изопачен. Перверзен љубовник. Перверзно уживање.

перверзија | ж.

Полова изопаченост.

пергамент | м.

Специјално изработена животинска кожа што служела како материјал за пишување. Тој ракопис е пишуван на пергамент. Парче пергамент.

пергаментен | прид.

Што се однесува на пергамент. Пергаментен ракопис. Пергаментни листови.

пердав | м.

Алатка со која се удира да стане тенко, потенко.