пердаши | несв.
Мава, удира кај некои занаети, на пример казанџискиот, за да стане тенко, потенко.
пердашка | ж.
Дрвена табла со рачка од долната страна за малтерисување.
перде | ср.
завеса_1_3.
пердув | м.
Мек и лесен израсток на кожата од птица. Бел пердув од петел. Мек пердув. Искубани пердуви. Перница со пердуви.
пердувен | прид.
Што има, што е со пердуви. Пердувеста перница.
пердуши се | несв.
За птица ‒ отфрла пердуви. Папагалот се пердуши.
пердушка | ж.
пере | несв.
Со вода и сапун (или друго средство) отстранува нечистотии од текстилни производи (облека постелнина итн.). Мајката ги пере пелените во машина. Старицата пере ветви черги. Жените переа јамболлии на река. Војниците переа чорапи и ги обесуваа на креветите.
перештец | м.
Водникави красти на кожата, на лицето и др.; егзема.
периз | м.
Воздржување во исхрана, диета.