перика | ж.
Посебно уредена природна или вештачка коса што се става на глава за прикривање на ќелавост или за други потреби (кај артисти, судии и др.).
перикард | ж.
Надворешна обвивка на срцевиот мускул.
перикардит | м.
Воспаление на перикардот
периметар | м.
(мат.) Збир на должината на страната на геометриско тело.
период | м.
Временски раздел во кој се случува нешто или се развива од почеток до крај. Прасловенски период. Период на младоста. Творечки период. Период на Народноослободителната борба.
периода | ж.
Времетраење на менструација.
периодизација | ж.
Делење на историските и други процеси на периоди. Периодизација на развојот на македонскиот јазик. Периодизација на драмското творештво. Општествена периодизација.
периодика | ж.
Изданија што излегуваат во определен временски интервал (седмично, месечно, годишно и сл.). Книжевна периодика. Периодика за деца и младина. Странска периодика од областа на филологијата.
периодичен | прид.
Што се повторува во определени периоди закономерно. Периодична пресметка.
периодички | прид.