периодичност | ж.
Својство на тоа што е периодично; редовно повторување.
периодски | прид.
перипетија | ж.
Ненадејна компликација, заплет, неочекувана промена, пресврт во животот на некого. Животни перипетии. Низа перипетии.
перископ | м.
Оптичка направа за набљудување на предмети надвор од видното поле на набљудувачот. Перископ на подморница.
перистил | м.
Трем, ходник со столбови, со колонада.
перитонит | м.
Воспаление на стомачната обвивка
периферен | прид.
Што се однесува на периферија. Периферен колосек. Периферни говори.
перифериски | прид.
периферија | ж.
Дел од градот кој е најоддалечен од центарот; предградие. Градска периферија.
перифраза | ж.
Стилска фигура што се добива кога со повеќе зборови се кажува нешто наместо да се именува со еден збор.