перифрастичен | прид.

Што се однесува на перифраза Перифрастичен говор.

перка | ж.

Орган за пливање кај рибите и други водни животни. Рибина перка. Слатководна риба со црвени перки. Раширени перки.

перкија | ж.

Вид риба со остра перка што живее во Дојранското Езеро; костреш.

перкусионист | м.

Музичар, репродуктивен уметник, специјалист на удиралки.

перкусија | ж.

<MEDICINE> Начин на лекарски преглед со чукање (со чеканче, со прст од раката) за да се утврди состојбата на внатрешните органи (срцето, стомакот).

перла | ж.

Бисер.

перлит | м.

Градежен материјал за изолација.

перлон | м.

Синтетичко влакно за производи од текстилната индустрија.

перлонски | прид.

Што е произведен од перлон. Перлонски чорапи.

перманентен | прид.

Постојан, непрекинат. Перманентен процес. Перманентна културна размена. Перманентно образование.