пермутација | ж.

Промена и резултат од пермутирање.

пермутира | св. и несв.

Измени, изменува облик, заемно замени, заменува.

пернат 1 | прид.

Пернат дивеч.

пернат 2 | прид.

Глаголска придавка од перне.

перне | св.

Чукне некого со нешто неочекувано, ненедејно; мавне, тресне. Човекот го пернал коњот со ластегарката.Тој му перна една тупаница по заби.

перница | ж.

Мала сошиена постилка наполнета со волна, пердуви и сл. на која се става главата при спиење; зглавје. Перница од пердуви. Мека перница.Таа спушти глава на перница.

перо | ср.

(едн. и зб. мн.) Пердув, обично голем, од крило, од опашка на крупна птица. Орлово перо. Гускино перо. Петлови перја. Црни перје. Шарени перје.

перодршка | ж.

Тенка направа од дрво, метал или пластика со издолжена конусна форма и тенок отвор за перце што служи за пишување и за цртање. Перодршка во мастило. Перодршки за туш.

перон | м.

Издигната долга површина крај шини на железничка станица за качување и симнување на патници.

пероноспора | ж.

Паразитска болест кај некои видови растенија (винова лоза, компир и др.)