перпендикулар | м.
Во геометријата ‒ права линија што образува прав агол со друга права линија или површина.
перпендикуларен | прид.
Што се однесува на перпендикулар.
перпетуум-мобиле | ср.
Идеално замислена, но неостварена машина што би работела без трошење енергија, вечен мотор, вечно движење.
Персиски Залив | м.
Залив во Азија, северно од Арабискиот Полуостров.
персифлажа | ж.
Духовито и иронично исмевање; иронизирање.
Персија | ж.
Некогашно име на Иран, Азија.
персона | ж.
(книж.) Личност, лице, поединец.
персонал | м.
Група луѓе здружени со заедничка работа, со заеднички интерес или заедничка цел, состав од вработени лица во определен сектор, претпријатие, установа и сл. Административен персонал. Медицински персонал. Технички персонал.
персонален | прид.
Што се однесува на персона, на лице; личен, индивидуален. Персонален компјутер. Персонален данок.
персоналец | м.
Тој што води грижа за прашања од работниот однос на персоналот, персонален референт.