персонификација | ж.
Изразување, претставување на нешто апстрактно со одреден лик, како живо суштество; олицетворување. Ѓаволот е персонификација на злото.
персонификува | несв.
персонифицира | св. и несв.
Изрази, изразува, претстави, претставува нешто апстрактно со одреден лик, како живо суштество; олицетвори, олицетворува.
перспектива | ж.
(слик.) Прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста.
перспективен | прид.
Што се однесува на перспектива Перспективен нацрт.
Перт | м.
град во Австралија.
пертурбација | ж.
Ненадејно, неочекувано изместување на редот, промена на нормалниот тек на појавите.
Перу | ср.
Држава во Јужна Америка.
перуника | ж.
Многугодишно зелјесто растение со долго цврсто стебло, со големи сабјести листови покрај стеблото и крупни цветови; Iris germanica.
перушка | ж.
пердушка.