перфект | м.

Минато време во некои јазици, а во македонскиот јазик минато неопределено време. Форми на перфектот.

перфектен | прид.

Беспрекорен; совршен. Перфектно дело. Перфектни услови за комуникација.

перфективен | прид.

Свршен; Перфективни глаголи.

перфекционизам | м.

(филоз.) Сфаќање за религиозното и моралното совршенство.

перфекционист | м.

Приврзаник на перфекционизмот.

перфекционистички | прид.

Што се однесува на перфекционизам и на перфекционист.

перфекција | ж.

Беспрекорност; совршенство. Ликовна перфекција. Поетот е во вечна потрага по перфекција.

перфиден | прид.

Што крие, таи злонамерност, таен скришен; подмолен. Перфидна замисла.

перфоратор | м.

Направа за правење дупчиња на хартија и др.