песнарка | ж.

Збирка песни што се пеат. Македонска песнарка. Песнарка од пет песни.

песнопоен | прид.

Што знае да пее многу песни и што пее многу убаво.

песнопоец | м.

Тој што знае многу песни. Народен песнопоец.

песоглав | прид.

(ирон.) Што има глава слична на пес. Песоглав карабинер.

песоглавец | м.

Во народните приказни ‒ човек со изглед на чудовиште, со глава слична на пес, со едно око на челото, а друго на тилот.

песок | м.

Ситни тврди делчиња откршени од камена маса во различна форма и големина. Ситен песок. Зрно песок. Речен песок. Пустински песок. Под нозете крцкаше песок.

песоклив | прид.

За земја ‒ што е посна, сиромашна, слабо обработлива. Песоклива нива.

песоса се | св.

Стане лош, зол човек.