песочен | прид.
Што е од песок. Песочно зрно. Песочна плажа. Песочни бури.
песочина | ж.
Песокливо место. Песочина со снег. Песочини од сувото корито на реката.
песочиште | ср.
Песокливо неплодно земјиште. Суви корења излегуваа од песочиштето.
песочник | м.
Вид камен со песочни зрна. Песочник со бигор.
песочница | ж.
Кутиче со песок за потурање на напишаното наместо попивач. Песочница и мастилница.
песта | ж.
пестицид | м.
Хемиско средство што се користи за заштита на растенијата од болести, штетници и плевели.
песјак | м.
Кучешки заб.
песјачка | ж.
песји | прид.
Што се однесува на пес, што припаѓа на пес. Песја крв. Од далеку се чу песји лаеж. Песја трага.