пет | бр.

Основен број поголем за една единица од четири; се бележи со бројката 5. Пет денари. Пет грама. Пет години. Во пет часот. Родителите одвај ги прехранија петте деца.

пет- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење: пет од тоа што е означено во вториот дел од сложениот збор: петаголен, петаголник, петвековен, петгодишен, петдневен, петилјаден, петкатница, петмилионски, петминутен и др.

петаголен | прид.

Што е со пет агли.

петаголник | м.

Геометриска слика со пет страни и пет агли; пентагон.

петар | м.

Просторот што се наоѓа над таванот во селска куќа.

петарда | ж.

Направа со експлозивно полнење што по палење експлодира во воздух со остар звук. Фрла петарди.

петаче | ср.

Бакарна монета со вредност од пет пари.

петвековен | прид.

Што трае, што се остварува пет века. Петвековно владеење.