радиореклама | ж.
Реклама што се емитува преку радио.
радиорепортажа | ж.
Репортажа пренесена преку радио.
радиорепортер | м.
Известувач, новинар што собира и обработува вести за радиоемисија.
радиосигнал | м.
Сигнал што се пренесува со помош на радиобранови.
радиоскопија | ж.
Лекарски преглед со помош на рендген апарат без изработка на рендгенска снимка.
радиослушател | м.
Слушател на радиопрограма. Нивното радио има голем број радиослушатели.
радиосонда | ж.
Метеоролошки инструмент за мерење на температурата, влажноста и притисокот на воздухот и на брзината и правецот на ветрот во повисоките слоеви на атмосферата.
радиостаница | ж.
Апаратура за примање и предавање на радиобранови. Радиостаницата има слаб сигнал на периферијата од градот.
радиостудио | ср.
Специјално опремена просторија за изведување на радиопрограма.
радио-телевизија | ж.
Безжично пренесување на сигнали, звуци и слики (по радио и телевизија) на голема оддалеченост со помош на електромагнетни бранови.