радиотелеграма | ж.
радиотелеграф | м.
Апаратура за телеграфска врска преку радиобранови.
радиотелеграфист | ж.
Тој што предава и прима телеграми преку радиотелеграф.
радиотелеграфија | ж.
Предавање и примање телеграми преку радиотелеграф, безжична телеграфија.
радиотелеграфски | прид.
Што се однесува на радиотелеграф и на радиотелеграфија. Радиотелеграфска станица.
радиотелескоп | м.
Направа за проучување на космичките радиобранови во радиоастрономијата.
радиотелефонија | ж.
Безжично предавање и примање гласови и говор на поголема оддалеченост преку радиостаници.
радиотерапија | ж.
Лекување болести со нуклеарно радиоактивно зрачење.
радиотехника | ж.
Гранка од техниката што се занимава со безжичен пренос на сигнали по пат на електромагнетни бранови.
радиотехничар | м.
Тој што се занимава со радиотехника.