раскрие | св.

Открие тоа што било скриено, покриено.

раскрили | св.

Отвори, рашири крилја. Орелот ги раскрили крилјата и летна.

раскринка | св.

Открие, разоткрие целосно, изнесе пред јавност нечија незаконска или неморална дејност. Тој ги раскринка јавно предавниците. Тој го откри и го раскринка. Таа ја раскринка нивната политика.

раскрка се | св.

раскрека_2

раскрои | св.

Разреже со кроење ткаенина, кожа и сл. Таа го раскрои платното. Мајсторот ја раскрои кожата.

раскрпи | св.

Распара, распори нешто закрпено; Девојчето ги раскрпи џебовите на панталоните.

раскрсница | ж.

Сообраќајница, место каде што се вкрстуваат, се пресечуваат повеќе патишта, улици; крстосница, крстопат, распаќе. Нашиот град има многу раскрсници. Раскрсница со семафори.

раскрсти | св.

Раскине односи со некого; заврши со нешто, стави крај на нешто, престане да соработува или да другарува со некого. Јас раскрстив со семејството, ама раскрстив и со пиењето. Таа раскрсти со старите навики.

раскрупни | св.

Ситни пари ги претвори во банкноти со поголема вредност. Раскрупни ги металните пари во една банкнота.