раскостен | прид.

Што е изнемоштен, папсан, снемоштен, без сила во себе. Раскостена снага. Раскостен грб. Раскостени тела.

раскости | св.

Раздели на составни делови ‒ за тело на човек или на животно. Месарите ја раскостија свињата. Тој го раскости телото на умрениот.

раскош | м.

Прекумерно богатство што се покажува во начинот на живот, изобилство од материјални и друг вид добра и уживање во тоа богатство. Тие живеат во раскош. Мене не ми е потребен раскош. Тој се навикнал на раскош.

раскошен | прид.

Што е богат, сјаен, што се одликува со раскош. Раскошен живот. Раскошен одмор. Раскошно патување. Раскошна свадба.

раскошка | св.

Почне да кошка нешто, растури нешто со кошкање засилено, повеќе или уште малку повеќе;

раскоштрави | св.

Разбушави некого; прави да изгледа некој несреден, неуреден. Таа ги раскоштравила децата.

раскрака се | св.

За кокошки и некои други птици ‒ почне силно, зачестено да крака. Кокошките силно се раскракале.

раскраси | св.

Разубави, украси повеќе или уште повеќе. Таа ја раскраси просторијата со светилки во разни бои.

раскрачи | св.

Рашири широко нозе. Тој седна на столот и ги раскрачи нозете. Таа непристојно ги раскрачила нозете.

раскрвавен | прид.

Што е облеан со крв. Раскрвавен нос. Раскрвавена облека.