радиофикација | ж.
Изградба на мрежа за радиостаници и инсталирање на апаратура за радиоврска.
радиофицира | св. и несв.
Изгради гради, мрежа за радиостаници; инсталира апаратура за радиоврска.
радиофоничен | прид.
Што одговара, што е погоден за добра репродукција преку микрофон. Радиофоничен глас.
радиофонија | ж.
Пренесување на звукот со помош на електротехничка апаратура.
радиофрекфенција | ж.
Број на треперења во секунда на радиобранови.
радиохор | м.
Хор што изведува дела преку радио.
радист | м.
радиум | м.
Хемиски елемент, сребресто бел метал добиен со радиоактивно распаѓање на уранот што се употребува во медицината и во нуклеарни научни истражувања; симбол Ra.
радиумов | прид.
Што се однесува на радиум; што содржи радиум. Радиумова руда.
радиумски | прид.