распеан | прид.

а) Што се препуштил на пеење, што е занесен во песна. Распеани деца. Распеана дружина. б) За човечки глас ‒ што е добро извежбан, подготвен, сигурен во изведбата. Распеан глас.

распее | св.

Направи некој да почне (многу) да пее. Тој ги распеа гостите.

распекмези | св.

Разгали, распушти. Таа ги распекмези децата. Родителите ја распекмезиле.

распени | св.

Направи да има пена. Таа со рака ја распени водата во легенот.

распердаши | св.

Силно мавне, удри, истепа некого. Тој го распердаши момчето, го сотре од ќотек. Мајка му го распердаши пред сите.

распердуши | св.

Симне, отстрани, искубе пердуви ‒ обично за птица. Таа ги распердуши кокошките. Кучето ја распердуши гуската.

расперчен | прид.

Разбушавен, со растурена, несредена коса. Расперчена коса. Расперчена глава.

расперчи се | св.

Почне многу да се перчи. Таа се расперчи пред другите.