радиус | м.

(мат.) Во геометријата ‒ оддалеченоста од центарот до која било точка од периферијата на кругот или од центарот до која било точка на површината на топката.

радијален | прид.

Што е во вид на зраци; насочен по радиус.

радијатор | м.

Направа за загревање на простории, составена од поврзани, вертикални метални ребра низ кои протекува топла вода или пареа. Радијаторот е млак, греењето е слабо.

радијација | ж.

(физ.) Енергија што материјалните честички или електромагнетните бранови насочено ја пренесуваат низ просторот; зрачи, зрачење. Сончева радијација.

радо | прил.

Со задоволство, на драго срце. Радо би се видел со тебе, но навистина денеска не можам.

Радовиш | м.

Град во Македонија.

радосен | прид.

Што е исполнет со радост; добро расположен, весел, среќен. Тие тргнаа накај своето село радосни и весели. Кога ќе те запознае, ќе биде горда и радосна. Радосни чувства.

радосница | ж.

Што изразува радост, веселба. Солзи радосници.

радост | ж.

Чувство на среќа, задоволство и добро расположение предизвикано од некој успех, пријатен настан и сл. Браќата плачеа од радост. Не знаеше што да прави од радост. Животна радост.