раст 1 | м.

Бој, става. Таа го позна момчето по растот. По растот личи на мене. Девојка со среден раст. Џиновски раст. Мал раст.

растажен | прид.

Тажен, натажен, обземен од тага. Растажени родители. Растажено дете.

растажи | св.

Натажи некого, предизвика тага кај некого. Таа ги растажи присутните. Тој ги растажи сите.

расталка се | св.

Почне да талка, да шета, мине многу време во талкање. Тие се расталкаа по продавници. Таа се расталка по светот.

растане | св.

Сето множество (луѓе) стана, многумина, сите станаа еден по друг. Публиката растана и ја напушти салата. Гостите растанаа. Другарите растанаа и зборуваа стоејќи.

растапани се | св.

Почне силно да бие, да чука. Срцето ѝ се растапани кога го виде момчето.

растапка | св.

Со тапкање натисне, натапка, разгази, разгмечи. Децата го растапкаа патот до училиштето. Таа го растапка снегот околу куќата.