растарашка се | св.

Почне да претура, растура, потарашка со зголемен интензитет. Тие се растарашкале по собите. Таа се растарашка по гардероберот.

растајни | св.

Одгатне, растолкува, разјасни, открие нешто тајно. Тој ги растајни нејзините зборови. Јас му растајнив сè.

раствор | м.

Течност во која рамномерно е растворена некоја материја; супстанција, смеса што се добива со додавање течност или со мешање течност и некоја друга супстанција за да се распрснат еднакво атомите, молекулите и јоните. Воден раствор. Раствор од вар. Заситен раствор. Раствор од сол.

раствора | несв.

раствори 1 | св.

Направи раствор, растопи. Таа го раствори шеќерот во млеко, а солта ја раствори во вода.

раствори 2 | св.

Отвори ширум прозорец, врата и сл.; отвори нешто што е сосема затворено. Утрото таа ширум ги раствори прозорците Таа ја раствори портата.

растворлив | прид.

Што може да се раствори, што се раствора. Растворливи бактериски отрови. Растворливи соли. Растворливи витамини. Растворлива форма.

растворливост | ж.

Својство на тој и на тоа што е растворливо. Тие имаат висок степен на растворливост.

растворувач | м.

Течност што растворува, супстанција што се додава на друга супстанција и овозможува со неа да се добие раствор, материја со која се добива раствор. Поларен растворувач. Молекулите на растворувачот се мешаат со молекулите на другата супстанција. Воден растворувач.

растворувачки | прид.

Што предизвикува растворување. Растворувачки материи. Растворувачки супстанции.