распуфка се | св.
Почне силно да пуфка, да брефта; Тие многу се распуфкале. Мажине се распуфкале, ништо не се гледа во собата од чад. Моторот се распуфка.
распуши се | св.
Натера некого да почне да пуши многу. Тој се распуши дружејќи се со него.
распушта | несв.
распуштен | прид.
Своеволен, недисциплиниран, без контрола на однесувањето; несреден. Распуштени деца. Распуштен ѕвер. Распуштени луѓе. Распуштена коса.
распуштеник | м.
Маж разведен од жената. Млад распуштеник.
распушти | св.
Пушти на одмор, дозволи да се разотидат, ослободи од некаква дејност. Министерството ги распушти училиштата. Генералот ја распушти војската. Тие ги распуштија работниците од погонот.
распцуе | св.
Натера некого да почне да пцуе многу. Тој ги распцу децата.
распљампа се | св.
Почне многу да пљампа.
расрди | св.
Налути, разлути некого. Тој многу ги расрди селаните. Таа ги расрди присутните.
рассали се | св.
За сало ‒ се стопи, се растопи. Салото се рассали од врелиот оган.