растуфка се | св.
Почне силно да се туфка, се истуфка, се изжали. Таа се растуфкала и глава преврзала.
растуѓи | св.
расудба | ж.
Расудување, изречен суд, искажано мислење, решение. Нејзината расудба беше во вистинското време. Таквите расудби не водат кон решение.
расуден | прид.
расуди | св.
Реши, преку мислење донесе, изрече суд за нешто. Тој расуди дека нема можност за преговори. Тој расуди и тивко проговори. Таа не расуди добро.
расудлив | прид.
Умен, разумен, што се води од разумот и носи разумни решенија. Расудлив човек. Расудливи одлуки.
расудник | м.
Тој што расудува добро, разумен човек. Таа е непристрастен расудник.
расудок | м.
Логична мисла, способност да се расудува. Логичен расудок. Генијален расудок. Критички расудок. Автентични расудоци.
расука | св.
расуче | св.
Исуче, направи нешто сукано; со сукање истегне, растегне, развие тесто. Расукав неколку кори. Тие ќе расучат пита.