расудба | ж.

Расудување, изречен суд, искажано мислење, решение. Нејзината расудба беше во вистинското време. Таквите расудби не водат кон решение.

расуден | прид.

расуди | св.

Реши, преку мислење донесе, изрече суд за нешто. Тој расуди дека нема можност за преговори. Тој расуди и тивко проговори. Таа не расуди добро.

расудлив | прид.

Умен, разумен, што се води од разумот и носи разумни решенија. Расудлив човек. Расудливи одлуки.

расудник | м.

Тој што расудува добро, разумен човек. Таа е непристрастен расудник.

расудок | м.

Логична мисла, способност да се расудува. Логичен расудок. Генијален расудок. Критички расудок. Автентични расудоци.

расуче | св.

Исуче, направи нешто сукано; со сукање истегне, растегне, развие тесто. Расукав неколку кори. Тие ќе расучат пита.

расформира | св. и несв.

Растури, растура, направи, прави да престане постоење на нешто како организирана целина; Тој ја расформира групата. Новата управа го расформира Одделот за инвестиции.

расфрла | несв.