растроен | прид.

За ред, строј ‒ растурен, расипан. Растроена редица. Растроена колона.

растрои | св.

Наруши нормален ред, строј и сл. Тој ги растрои партиските редови. Последните немири го растроија стариот поредок.

растројство | ср.

Состојба на безредие, отсуство на ред, нарушеност на нормалниот ред. Растројство во банкарскиот систем. Економско растројство. Временски растројства.

растропа се | св.

Почне силно, многу да тропа. Мајсторите се растропаа. Децата се растропаа.

растроши | св.

Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки. Таа го растроши лебот и го попари со млеко. Растроши едно парче леб и им го даде на врапчињата.

раструби | св.

Разгласи, рашири, распространи некаква информација насекаде. Таа раструбила дека сме се скарале.

растрча | св.

Натера, направи некој да почне да трча, да биде во активна состојба. Таа ги растрча помошничките. Тој го растрча кучето. Тие ги растрчаа учениците по различни секции. Таа растрча по масите и ги нудеше гостите со пијалак.

растршавен | прид.

Растрлушен, разбушавен, несреден. Растршавена девојка. Растршавени деца.