расчини 1 | св.

Раствори, растопи, направи водлесто, водникаво. Таа го расчини квасецот.

расчини 2 | св.

Одземе некому чин, лиши од звање и сл. Капетанот го расчиниле. По оваа случка, попот го расчиниле.

расчисти | св.

Ослободи, исчисти површина од нешто што пречи; среди со чистење. Работниците ги расчистија урнатините. Таа ја расчисти масата. Машините го расчистија патот.

расчита | св.

Прочита стар текст што тешко се чита, усоврши техника на раздвојување на одделните зборови во текст, читање стари текстови ‒ пишувани без празен простор меѓу зборовите. Тој го расчита псалтирот за неколку месеци.

расчита се | св.

Се занесе во читање или почне да чита многу. Децата се расчитаа во второто полугодие. Летото таа се расчита.

расчлени | св.

Оддели, раздели на одделни делови; распредели на подгрупи или едно од друго. Таа ги расчлени прашањата. Тој ги расчлени групите.

расчовечи | св.

Направи некој да стане нечовечен, отчовечи некого. Тешкиот живот и неправдите ги расчовечија бегалците.

расчорли | св.

Разбушави, раскоштрави, растури коса, направи да стане несредена. Тој ѝ ја расчорли косата.

расчувствува | св.

Направи да стане обземен од чувства, од засилени емоции. Ти ќе ме расчувствуваш повеќе отколку што треба. Нејзиното пеење ги расчувствува присутните.