рачест | прид.

Што има долги, големи раце. Рачесто момче.

рачешки | прид.

Што се однесува на рак1, раков. Рачешки нозе.

рачка | ж.

Дел од предмет што се држи со рака при носење, кревање или употреба на предметот; дршка Секира со нова дрвена рачка. Чанта со долги рачки. Рачките на комодата беа позлатени. Го удри со рачката на револверот. Рачка на брава. Долга рачка. Рачка од метла. Метла со куса рачка. Тава со долга рачка.

рачник | м.

Пешкир, крпа за бришење раце, лице и сл. Во бањата имаше обесено нови рачници.

рашета | св.

Прошета, разгледа простор со шетање, шета насекаде и на повеќе места за разонода. За едно попладне го рашетаа дворецот. Откако го рашетаа градот, седнаа да ручаат.

рашетар | м.

Тој што многу шета, безделничи со шетање.