раштрака се | св.

Почне засилено да штрака. Кројачките се раштракале со ножиците. Тој се раштракал со пиштолот.

раштрка | св.

Разбрка, распрсне, разотиде, разбега, рашета на разни страни. Детето ги раштрка пилињата по дворот. Таа ги раштрка децата по собите.

раштркан | прид.

Распрснат, разместен на различни страни. Раштркани книги. Раштркана облека.

раштрклави се | св.

За стока (говеда, кози и сл.) ‒ разбега, раздвижи вознемирено. Козите се раштрклавија на сите страни. Стадото се раштрклави.

раѓа | несв.

а) За жена ‒ донесува на свет дете, добива рожба; станува мајка. Жените треба да раѓаат повеќе деца. Раѓа близнаци. б) За животно ‒ донесе на свет младо животно.

рај | м.

(рел.) Прекрасно место каде што по смртта престојуваат душите на чесните и праведните. Праведните и чесните ќе се најдат во рајот. Гласници на рајот.

раја | ж.

(истор.) Немуслиманското поданичко население во Турското Царство, коешто плаќало данок. Измачена раја. Обесправена раја. Христијанска раја. Рајата од сите три вери.

рајатин | м.

Покорен, потчинет христијанин во Турското Царство. Вреден рајатин. Чесен рајатин. Се собрале ем Турци ем рајати.