'рвајчи | несв.
'рвеник | м.
Бунар. Селски 'рвеник. Загаден 'рвеник.
'рга | несв.
Удира, мава. Таа го 'ргаше со тупаница по грбот.
'ргало | ср.
Тој што работи многу, до исцрпување; Тој е такво 'ргало што не може да седне една минута.
'ргач | м.
Тој што работи премногу,
'ргне | св.
Се вдаде во нешто, се внесе силно во некаква дејност. Таа 'ргна да плаче. Толпата 'ргнала кон палатата. Ние тогаш 'ргнавме најсилно да врескаме.
'рдоква | ж.
Растение со црвен, топчест корен со луткав вкус што се користи во исхраната, вид трупка; Raphanus sativus. 'Рдоквите беа свежи и големи со прекрасна црвена боја.
'рдоквен | прид.
Што се однесува или што е од 'рдоква. 'Рдоквен корен. 'Рдоквени насади. 'Рдоквена салата.
ре | ср.
Музичка нота, вториот тон од нотната скала и знакот со кој се бележи.
ре- | претс.
Претставка, префикс кај зборови од интернационалната лексика со значење: повторно, одново, обратно, назад (ревакцинација, реконструкција, реорганизација, реакција итн.).