рајбер | м.

Вид кука, резе за затворање врати, прозорци и сл. однатре. Вратата однатре е затворена со неколку големи рајбери. Таа ги провери рајберите на прозорците.

Рајна | ж.

Река во Германија.

рајски | прид.

Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.

'рбел | м.

Само во поговорката ‒ Се насмеал (се посмеал) 'рбел на штрбел ‒ не се гледа себеси, а зборува за други.

'рбет | м.

Дел од скелетот кај човекот и кај некои животни ('рбетници), составен од ковчести прешлени, столб ('рбетен столб) во вид на флексибилен синџир од 33 прешлени, кој го заштитува 'рбетниот мозок, ја потпира главата и има места за спојување со карличните коски и со градниот кош. Таа се здоби со повреди на 'рбетот. Ги повреди 3. и 4. прешлен од 'рбетот. Многу го боли 'рбетот. Одвај го исправи 'рбетот.

'рбетен | прид.

Што се однесува на 'рбет 1. 'Рбетен столб. 'Рбетен мозок. 'Рбетна коска.

'рбетник | м.

Поттип на хордови животни; животни со 'рбет, скелет, череп на крајот; Vertebrata, Craniata. 'Рбетниците се поделени на осум класи. Цицачите се најсовршени 'рбетници.

'рблак | м.

Пукнатина во карпа, во камен каде што се цеди вода. Карпата имаше 'рблаци и од нив се цедеше вода.