реактуализација | ж.

Стане повторно актуелно, оживување, реобновување, повторна актуализација. Реактуализациите на некои филмски наслови имаа добар одек. Реактуализација на постапката за легализирање на објектот.

реактуализира | св. и несв.

Направи, прави да биде повторно актуелно, повторно актуализира;

реакционен 1 | прид.

Што се однесува на реакција1, реакциски.

реакционен 2 | прид.

Што се однесува на реакција2, реакционерен. Реакциона група. Реакционен комитет.

реакционер | м.

Лице што е приврзаник или е во состав на реакцијата, реакција 2. Реакционерите го сопираа и го саботираа процесот на развој на партијата. Тој никогаш не бил реакционер.

реакционерен | прид.

Што се однесува на реакционер и кој дејствува во согласност со реакцијата. Реакционерен план. Реакционерни сили. Реакционерни ставови. Реакционерна програма.

реакционерство | ср.

Особина или појава на реакционер; Неговото реакционерство се докажа преку гласањето.

реакција 1 | ж.

Одглас, воздејство, повратно дејство што се јавува како последица или како одговор од некое претходно дејство; акција предизвикана од друга акција и се јавува како нејзин рефлекс или како нејзин одговор. Таа ја очекуваше реакцијата на домашните. Брза реакција. Остра реакција. Секоја негова акција има и нејзина реакција.

реакција 2 | ж.

Идеолошка определба што ја дава партијата на власт за општестен слој или група што покажува отпор кон постојните владејачки сили, порано толкувана во негативна, а во денешни услови во позитивна конотација. Тие ќе се пресметаат со реакцијата. Оние од реакцијата постојано нешто бараат. Антикомунистичка реакција.

реал | м.

Стари бакарни монети, пари што се користеле во Шпанија, Португалија и др. земји; парична единица во Бразил денеска.