ревизионист | м.

Приврзаник на ревизионизам Ревизионистите се сомневаа во нужноста од социјалистичка револуција.

ревизија | ж.

Проверка, преглед на дејноста на некоја установа или лице. За еден месец се изврши целосна ревизија на претпријатието. Ревизија на сметководствените книги.

ревизор | м.

Службено лице што врши преглед, контрола на некаква дејност, тој што врши ревизија.

ревир | м.

Предел, област, подрачје ограничено за вршење некаква дејност (лов, риболов и сл.). Риболовен ревир. Скопски ревир.

ревитализација | ж.

Враќање во живот, оживување, обновување на виталноста. Ревитализација на кожата на лицето. Ревитализација на клетките. Ревитализација на музичкиот фолклор.

ревитализира | св. и несв.

Повторно оживее, оживува, врати, враќа во живот; возобнови, возобновува нешто што било витално. Овој крем многу бргу ја ревитализира кожата. Нашата фолклорна група ја ревитализира изворната музика.

ревија | ж.

Списание што излегува на определен период (неделно, месечно) со книжевна, научна, културна и друг вид содржина. Ревија за млади. Ревија за автомобили. Ревија за безбедност.

ревијален | прид.

Што се однесува на ревија. Ревијален печат. Ревијална патека. Ревијална претстава.

ревлив | прид.

Што создава врева, што многу вика. Ревливи жени.

ревма | зам.

Вид болест;