ревир | м.

Предел, област, подрачје ограничено за вршење некаква дејност (лов, риболов и сл.). Риболовен ревир. Скопски ревир.

ревитализација | ж.

Враќање во живот, оживување, обновување на виталноста. Ревитализација на кожата на лицето. Ревитализација на клетките. Ревитализација на музичкиот фолклор.

ревитализира | св. и несв.

Повторно оживее, оживува, врати, враќа во живот; возобнови, возобновува нешто што било витално. Овој крем многу бргу ја ревитализира кожата. Нашата фолклорна група ја ревитализира изворната музика.

ревлив | прид.

Што создава врева, што многу вика. Ревливи жени.

ревма | зам.

Вид болест;

ревматизам | м.

Вид болест на коските и на зглобовите; назив на повеќе видови болести што се однесуваат на болка, виење, разградување и попуштање на коскеното ткиво; артритис.

ревматичен | прид.

Што е заболен или има симптоми на ревматизам. Ревматичен човек. Ревматични пациенти.

ревматологија | ж.

Наука што се занимава со изучување и со лекување на болестите на коските, што ги опфаќа сите болести на коските.

ревне | св.

Се огласи со рев; Тој ревна уште посилно. Тој ревна кон децата.

ревнив | прид.

Што покажува, што изразува љубомора. Ревнив маж. Ревнив поглед.