ревакцинира | св. и несв.

Повторно вакцинира, повторно даде, дава вакцина некому. Сите деца ги ревакцинираа.

ревалвација | ж.

Поврат, враќање на вредноста на некои стоки, пари или хартии од вредност и на различни други вредности. Ревалвација на акциите на берзата. Ревалвација на денарот.

ревалвира | св. и несв.

Врати, враќа вредност на нешто (пари, стока и сл.), повторно валоризира; изврши ревалвација, ревалоризација. Комисијата го ревалвира неговото творештво. Народна банка ги ревалоризира стоковите резерви.

реванш | м.

Победа по претрпен пораз, одмазда (во војна, во игра). Победата беше реванш за минатонеделниот натпревар.

реваншизам | зам.

Политика, намера, подготовка за реванш, задоволување на потребата од одмазда за претрпен пораз, навреда или некаква штета. Новата власт покажа реванши Реваншизмот меѓу овие екипи постоел секогаш.

реваншира се | св. и несв.

Возврати, возвраќа, одмазди, одмаздува, искористи, искористува можност да одговори на претходно неуспешно извршена дејност. Таа им се реваншираше на своите конкуренти со иста жестина. Наредната недела ракометарките се реваншираа со висока победа над гостинската екипа.

реваншист | м.

Тој што се реваншира, што има желба за реванш. Такви реваншисти се намножија во последно време.

реве | несв.

За животно ‒ издава, испушта силен рев вика, завива. Добитокот ревеше во плевната. Кучињата ревеа.

ревен | м.

Градинарско растение, се користи во исхраната во некои кујни, со широки лисја и долги месести дршки; Rheum undulatum/rhabarbarum. Дршките од ревенот содржат минерални материи, шеќери и органски киселини.