регенерација 2 | ж.
Одродување на високопроизводни раси животни. Регенерацијата често се среќава кај високопроизводните раси животни како последица на промената на местото на живеење.
регенерира | св. и несв.
Во хемијата и во биологијата ‒ подмлади, подмладува; прероди, преродува; обнови, обновува. Оваа супстанција ги регенерира клетките за неколку дена. Гелот ја регенерира кожата. Шампонот ја регенерира косата.
регент | м.
Привремен владател на државата на местото од легитимниот монарх во земјите со монархистички облик на владеење.
регентство | ср.
Привремено тело, орган на владеење во монархистички земји составен од едно или од повеќе лица.
регион | м.
Територија, подрачје, област, место, крај; регија Источни региони на Европа. Охридски Регион. Брегалнички Регион.
регионален | прид.
Што се однесува на регион, што припаѓа на регион, на некоја одделна област, дел од земја; областен, местен. Регионални патишта. Регионална програма. Регионално производство. Регионални говори.
регионализам 1 | м.
Стремеж, настојување за одделно економско, културно и политичко осамостојување, со истакнување локални и регионални особини.
регионализам 2 | м.
Карактеристични црти во јазикот. Има зборови што може да ги сметаме за регионализми. Карактеристиките на носијата се регионализми и не се среќаваат во други носии.
регионализација | ж.
Делење на покраини, на региони. Регионализацијата во некои области се покажа како добра идеја.
регионалист | м.
Приврзаник на регионализмот и/или негувач на регионализми. Продуктивни македонски регионалисти.