регистар | м.

Список со записи подредени во определен ред: попис на зборови, предмети, лица подредени по азбучен ред или според некоја друга прегледна форма. Регистар на имиња. Азбучен регистар. Регистар на зборовни единици.

регистар-каса | ж.

Благајна што пресметува автоматски, книжи, подредува и има определен простор за чување пари.

регистратор | м.

Лице што води регистар во некоја установа. Овие документи треба да ги заверите кај регистраторот.

регистратура | ж.

Служба, оддел каде што се врши регистрација. Во градот има неколку регистратури.

регистрационен | прид.

Што се однесува на регистрација, што служи за регистрација. Регистрациона комисија. Регистрациона постапка. Регистрациони податоци.

регистрација | ж.

Запишување податоци, состојби, појави, факти (заради статистички преглед) во регистар. Регистрација на вработените.

регистрира | св. и несв.

Запише, запишува во книга; внесе, внесува во регистар. Пограничната служба ги регистрираше бегалците. Матичната служба го регистрира секое новороденче. Ние го регистриравме претпријатието. Тој го регистрираше камионот.

регија | ж.

Подрачје на една или повеќе држави што се изделува со некои посебни географски, економски, политички или други обележја. Поширока регија. Македонски регии.

реглер | м.

Регулатор на напонот на струја во моторот.

регрес | м.

Назадување, движење наназад; прогрес. Тие доживуваат регрес на сите полиња. Регрес во економијата.