резигниран | прид.

Потиштен, безволен, рамнодушен, помирен со судбина. Резигниран човек. Резигнирана констатација. Резигнирана постапка. Резигнирана личност.

резидба | ж.

Процес и време на режење во овоштарството. Систем на резидба. Остра резидба на овошката.

резидент | м.

Дипломатски претставник по ранг понизок од амбасадор.

резиденција | ж.

Место на постојано живеење на шефот на државата или на владата или на лица што заземаат високи општествени положби. Резиденцијата на претседателот.

резиденцијален | прид.

Што е наменет за живеење или престој на лица што заземаат високи општествени положби или на гости од таков ранг. Резиденцијални објекти.

резил | м.

Срамота, срам. Голем резил.

резилак | м.

Големи резилаци.

резили | несв.

Прави некого резил, срами некого со своите постапки. Тој го резили семејството. Таа ги резилеше децата пред сите.

резиме | ср.

Кратка, концизна содржина на некој текст (статија, реферат и сл.). Резиме на половина страница на англиски јазик.

резимира | св. и несв.

Направи, прави краток опис; даде, дава резиме; претстави, претставува нешто преку краток преглед. Професорот резимираше набрзина. Тој кратко резимира. Таа го резимира својот настап во неколку реченици.