резистентен | прид.

Што е отпорен, издржлив. Резистентни бактерии. Резистентен паразит.

резистенција | ж.

Отпорност, издржливост на организмот кон штетни влијанија. Резистенција на некои препарати.

резлив | прид.

Што е остар, што сече добро. Резлив нож.

резне | св.

Пресече тенко парче. Тој резна малку од кашкавалот за да го проба.

резник | м.

резница.

резница | ж.

Отсечен дел до растение што се става во вода или во земја да ожили. Ожилување на резници.

резок | прид.

Остар, груб, жесток. Резок глас. Реска смена на настаните. Реска процена. Резок удар. Реска граница. Рески промени.

резолуција | ж.

Решение, заклучоци писмено формулирани од некој собир, состанок или конгрес на здруженија, партии, политички организации или државна власт; политички или службен акт во кој се прецизирани определени правила за однесување во некоја дејност. Сенатот донесе резолуција која стапи веднаш во сила. Конгресот усвои резолуција.

резон | м.

Размисла, причина, смисла; свесна, разумна основа за извршување некакво дејство. Нема резон да се убедуваме. Провинциски резон. Интелектуален резон. Поинаков резон, резон на младинец.